И земјоделците се опфатени со 26-те нови антикризни мерки што вчера ги усвои Владата
Станува збор за 40 илјади земјоделци
Новиот пакет мерки е во вредност од 662 милиони евра, а според премиерот Димитар Ковачевски, тој е поддршка за ранливите категории граѓани и компании, како и за надминување на потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот и продолжени ефекти од енергетската криза.
Мерките ќе важат од 1 декември, а со нив се опфатени 120 илјади млади лица, над 74 илјади социјално ранливи категории граѓани, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, речиси 540 илјади корисници на апликацијата МојДДВ, 600 илјади домаќинства и над 70 илјади компании.
Со системските мерки за 2023 и 2024 година опфатени се над 338 илјади пензионери и 106 илјади вработени во администрацијата.Мерките наменети за граѓаните, домаќинствата и земјоделците се во износ од 156 милиони евра.