Земјоделците бараат државна помош за повеќе посеви со пченица годинава
Она што треба да се направи е Владата да направи анализа колкава површина од државното земјоделско земјиште може да се распредели за житни култури.
Домашното производство на житни култури не ги задоволува потребите на државата. Земјоделците велат дека последните години поради недостиг од пченица го зголемуваме увозот од други земји, а имаме идеални услови да произведуваме повеќе. Потребна е стратегија за раст на домашното производство, велат фармерите. Она што треба да се направи е Владата да направи анализа колкава површина од државното земјоделско земјиште може да се распредели за житни култури. Освен тоа, на земјоделците да им се помогне со набавка на репроматеријали.
„За жал ние долги години имаме недостаток на овие култури и затоа како држава секогаш увезуваме за да го надополниме тој недостаток. Да се подржат полјоделците со поддршка за репроматеријали, да се гледа секоја педа обработлива земја да може да се насее во оваа пролетна сеидба сè со цел да не се соочуваме со проблем кои што може да се случи во иднина, а тоа е недостаток на брашно…“, изјави Васка Мојсовска- Национална федерација на фармери.
Фармерите велат дека државата уште отсега треба за стоковите резерви да најави дека ќе откупи домашна пченица уште на почеток на жетвата на лето. Воениот конфликт во Украина го вклучи алармот за резервите на храна кои ги имаат државите и зависноста од увозот од другите земји, особено на пченицата и пченката. Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека Министерството за земјоделство, почнало да прави анализа за можна интервенција во земјоделството со цел да се зголеми домашното производство на храна.https://alsat.mk/mk/zemjodeltsite-baraat-drzhavna-pomosh-za-poveke-posevi-so-pchenitsa-godinava/