
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
За земјоделците е неприфатливо под 24 денари за килограм пченица и 20 денари за јачмен
Ќе имаме проблем со пченицата, ќе нема од каде да ја увеземе и цената ќе биде висока. Поради тоа и цената на лебот ќе скокне. Трговската војна меѓу САД и ЕУ има влијание и на нашиот пазар и врз цените на земјоделските производи, оценуваат земјоделските експерти.
Цената на пченицата на европските берзи расте. Земјоделските експерти оценуваат дека состојбата со пченицата е лоша, освен што цената ќе биде висока ќе нема од каде да увеземе. Трговската војна меѓу САД и ЕУ има влијание и на нашиот пазар и врз цените на земјоделските производи. Експертите оценуваат дека овие промени во цените се поврзани со глобалната економска неизвесност и со потенцијалните промени во понудата и побарувачката, особено во контекст на политичките и економските трендови.
-Кај нас засадените површини со пченица и јачмен се намалени и немаме доволно количества. Причините се ниските откупни цени и намалениот интерес за одгледување. Јачменот се откупува од 16 до 18 денари за килограм, а пченицата од 14 до 16 денари за килограм. Овие цени се нерентабилни и не ги покриваат производствените трошоци. Како стратешка култура државата треба да одреди заштитна цена на пченицата. Последната утврдена поизводствената цена на пченицата од Земјоделски институт е 19 денари за килограм плус 25 отсто заработувачка. Јачменот е на слободен пазар и кај него има друг проблем. Имаме мало производство и голема побарувачка. И покрај тоа во текот на жетвата имавме извоз на јачмен во Грција и сега имаме дефицит од оваа култура, изјавија за весникот ВЕЧЕР од Националната земјоделска мрежа.
Земјоделците велат дека сè што е под 24 денари за килограм пченица и 20 денари за килограм јачмен за нив е неприфатливо.
-Ќе имаме проблем со пченицата, ќе нема од каде да ја увеземе и цената ќе биде висока. Поради тоа и цената на лебот ќе скокне. Трговската војна меѓу САД и ЕУ има влијание и на нашиот пазар и врз цените на земјоделските производи. Освен тоа ќе се зголемат цените на ѓубривата и на другите репроматеријали поради царините кои ЕУ ги стави за увоз на ѓубрива од Русија. Сето тоа ќе влијае и врз продукцијата и рентабилноста на нашето производство и ние не можеме да бидеме имуни на глобалните текови, појаснуваат земјоделските експертите.
Целиот текст на следниот линк vecer.press