fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Земјоделците ќе седат пред компјутер, а дронови ќе ги прскаат и ѓубрат нивите

Каракашев - Беспилотните летала имаат многу придобивки во земјоделството, но проблем се финансиските средства. Едно беспилотно летало чини околу 60 илјади евра и не можат да си го дозволат ниту големите земјоделски стопанства во државата, вели Каракашев.

Употребата на современите технологии во земјоделството може да ги зголемат приносите и да го намалат влијанието на климатските промени. Според земјоделците, примената на беспилотни летала во земјоделството може да придонесе за зголемување на квалитетот и на квантитетот и за намалување на трошоците во земјоделското производство. Но, финансиските средства се главна пречка за нивна примена. Едно беспилотно летало чини околу 60 илјади евра и потребна е помош од државата или користење средства од европски фондови за нивна поголема примена во земјоделството.

Овие беспилотни летала овозможуваат прецизно управување со земјоделските активности и мерки, особено во области како што се ѓубрење и заштита на растенијата, како и детекција на болести кај растенијата.

– Европските искуствата во поглед на примена на дигитални технологии во земјоделството се позитивни и добредојдени. Примена беспилотни летала, заштитни мрежи, автоматски трактори… може многу да го олесни земјоделското производство и да ги зголеми приносите. Исто така, овие нови технологии може да го подобрат квалитетот на земјоделските производи, бидејќи се користат и за ѓубрење и за прскање против разни штетници, вели Ѓорѓи Каракашев од Националната земјоделска мрежа за весникот ВЕЧЕР.

Беспилотните летала наоѓаат голема примена кај оризопроизводството, тутунопроизводството и кај другите култури, но проблемот е што едно беспилотно летало чини околу 60 илјади евра и земјоделците немаат финансиски средства за нивна примена.

– Беспилотните летала имаат многу придобивки во земјоделството, но проблем се финансиските средства. Едно беспилотно летало чини околу 60 илјади евра и не можат да си го дозволат ниту големите земјоделски стопанства во државата. Но, може да се изнајде начин тој да се обезбеди преку финансиска помош од државата или преку европски фондови кои даваат средства за примена на нови современи технологии во земјоделството, додава Каракашев.

Земјоделците велат дека ние сме многу далеку од примената на современи дигитални технологии во земјоделството каде што освен беспилотни летала се применуваат и автоматски трактори.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close