Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Земјоделците од Полог лабораториски анализи ќе можат да прават и во Тетово
Во лабораторијата на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана од Тетовскиот Универзитет, која доби финансиска поддршка во вредност од околу 200000 евра, од Програмата за рурален развој за 2021 година.
Досега, земјоделците од Полошкиот регион своите примероци мораа да ги носат на лабораториски анализи во Скопје. Наскоро тоа ќе го прават во лабораторијата на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана од Тетовскиот Универзитет, која доби финансиска поддршка во вредност од околу 200000 евра, од Програмата за рурален развој за 2021 година.
Со овие средства овозможивме доопремување на постоечката лабораторија за зголемување на лабораториските капацитети за контрола на прехранбени производи. Набавени се нови инструменти за автоматска детекција на патогени бактерии во примероци од храна и површина, бројач на соматски клетки во примероци од сирово млеко, апарат за квантитативно и квалитативно одредување на микотоксини како и демонстративна опрема за студентите од земјоделските науки.
Оваа инвестиција е во интерес на земјоделците од овој регион. Ја остваривме нашата цел за исполнување на европските стандарди во системите за контрола на квалитетот, здравјето и безбедноста на храната, информира МЗШВ.