Се обновува соработката со Русија

(Oвој напис е објавен на: February 7, 2018)

rusija

Во рамки на официјалната посета на Москва, Русија, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше работен состанок со претседателот на рускиот дел од Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка, г. Максим Травников.

На состанокот министрите разговараа за широк спектар на прашања кои се од заедниччки интерес за Република Македонија и за Руската Федерација.

Позитивно го оценија растечкиот тренд на трговската размена помеѓу двете земји, особено извозот на македонски земјоделско-прехрамбени производи на рускиот пазар.

Воедно на состанокот беше разговарано и за потенцијалните проекти за кои постои заеднички интерес во областа на енергетиката, туризмот, образованието,спортот и науката.

Во следниот период од двете страни, ќе бидат преземени конкретни чекори за возобновување на соработката во рамки на Меѓувладината комисија и во работните групи.