fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците од „Тутунска надеж“ сметаат дека продажбата на земјоделското земјиште е во полза на богатите

Два хектари = 20 000 метри квадратни = 20 000 евра. Кој земјоделец ги има тие пари за купување на земја?

Земјоделците од „Тутунска надеж“ сметаат дека продажбата на земјоделското земјиште е во полза на богатите, а не од корист на обичниот земјоделец.
Васко Јосифовски, земјоделец од Општина Могила пресметува –
Еден метар квадратен земја = 1 евро..
Еден декар = 1000 метри квадратни = 1000 евра.
Два хектари = 20 000 метри квадратни = 20 000 евра.
Кој земјоделец ги има тие пари за купување на земја?
Оваа пресметка е доволен показател дека продажбата на земјоделското земјиште е прилагодена за многу богатите..
Е сега, прашање е зошто некој многу богат би вложил баш во земја?
Одговорот е
ПРЕНАМЕНА…
Тие што не знаат колку пари имаат ќе изнакупат земја покрај магистралните и регионалните патишта, па потоа со пренамена во градежно земјиште ќе ја дигнат цената до облаци.
Продажбата на државно земјоделско земјиште е еден вид легализиран криминал, пишува Јосифовски.
Е па, господине Заев, господине Хоџа, таа земја не е ваша, за вие да ја продавате..
Таа земја е НАША..
На граѓаните на Македонија..
И ние не сакаме да ја продавате, туку да ја вратите на вистинските сопственици. Не можете на некој од Куманово да му продадете земја во атарот на моето село.
Оти земјата која е ФОНДОВСКА ( ДРЖАВНА) сепак има познати сопственици.
Дури и да е поинаку во некои случаи, сепак продажбата е злосторство против државата.. Бидејќи продавате територија.. Дали е земјоделско земјиште, пасишта, национален парк или шума, сето тоа е дел од Македонската територија, а по Устав и закон, никој нема право да продава територија на државата.
Можеби не успеав правно да ги дефинирам сите мои гледишта, јас не сум правник туку селанец и земјоделец сепак мислам дека доста добро ја обработив суштината на проблемот околу продажбата..
Затоа, откажете се од вашите намери, стои во ФБ статусот на Јосифовски.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close