Земјоделците разочарани: Зелката се откупува по 6 денари!
Само 6 денари е сегашната откупната цена на зелката, краставиците се откупуваат по 15 денари, додека доматите се уште ја држат цената.
Со скапата нафта, спроведувањето на агротехничките мерки, со драстично зголемената цена на ѓубривата, потоа со вкалкулиран трошок за вода и за работна сила, зелката не може да се произведе по цена помала од 10 денари за еден килограм.
Само 6 денари е сегашната откупната цена на зелката, краставиците се откупуваат по 15 денари, додека доматите се уште ја држат цената. Земјоделците од струмичко велат дека се крајно разочарани од ниските откупни цени и дека сите математики за производство „им паѓаат во вода“.
– Со скапата нафта, спроведувањето на агротехничките мерки, со драстично зголемената цена на ѓубривата, потоа со вкалкулиран трошок за вода и за работна сила, зелката не може да се произведе по цена помала од 10 денари за еден килограм. Но, еве утрово камион се натовари со зелка за по 6 денари за еден килограм. Тоа е катастрофа! Во струмичкиот регион се знае: прво се сади зелка како прва култура, а потоа корнишони и индустриска пиперка како втори култури. На помала површина има домати и пиперки. Со сегашната цена на зелката се доведува во прашање земјоделието во струмичко – вели Ристо Велков, претседател на Здружението „Агросојуз“ од Струмица.https://www.slobodenpecat.mk/zemjodelcite-razocharani-zelkata-se-otkupuva-po-6-denari/