fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците се главните „виновници“ што трговците стануваат милионери

Емотивен статус на Ангелина Ујгуноска, тутунар

Тешка е маката на македонските змејоделци, споделувајќи фотографии тие често ја споделуваат и својата горчина за сработениот а не доволно платен производ . Ангелина Ујгуноска, тутунар од Пелагонија утрово со емотивена порака ја опишува макотрпната работа на тутунарите.

Анеглина пишува дека летото полека заминува, некои по плажи, некои по планини на чист воздух, а некои даваат огромен труд и физичка работа во најубавиот период од годината.  Таа мака пропаѓа во вода кога ќе дојде финалниот производ, зашто трудот на земјоделците се откупува по ниски цени.

-Ние сме главните ‘виновници’ што трговците стануваат милионери , а за нас останува колку да се преживее на некое ниско ниво до следната година, пишува Ангелина во Фб групата Македонски тутунари.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close