
Земјоделците со реакција до Хоџа-На земјоделците пари им требаат, ПАРИИИИ!!!
Ако мислите дека на ваков начин ќе го разводните протестот уште повеќе се лажете, стои во реакцијата.
Земјоделците, иницијатори на сеземјоделскиот протест на Петровден реагираат на објавата на министерот Хоџа кој ја пренесе веста дека на денешната седница, Владата го одобри Предлог законот за финансиска поддршка од петтиот пакет економски мерки за производителите на тутун.
Земјоделците велат дека со ваквата објава на министерот нема да го разводни протестот најавен за Петровден.
Почитуван министер,
Доста ни се владини закони, одлуки, ребаланси. На земјоделците пари им требаат ПАРИИИИ!!! Па што чекавте досега во Владата што не го донесовте ковид пакетот? Или во оваа држава нешто што ни припаѓа со закон мора на ваков начин со протести да го земеш. Со ова, ако мислите дека објавивте и сте го решиле проблемот се лажете, или пак, ако мислите дека на ваков начин ќе го разводните протестот уште повеќе се лажете. Затоа ве потсетуваме дека на 12-07-2021 година со почеток во 10 часот во Прилеп ќе се случи сеземјоделски протест со сите земјоделски гранки на кој очекуваме и поддршка од председателот Стево Пендаровски од кој протест ќе ги добиете барањата на земјоделците, иако добро ги знаете почитуван министре!, стои во реакцијата на новоформираните земјоделски здруженија испратена до Зелена берза.
Хоџа денеска објави дека


