fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Земјоделците стравуваат за пласманот на раноградинарските производи

Договори за пласман имало и годинава, но неизвесно е дали и во која мерка тие ќе се реализираат бидејќи неколку пратки  веќе биле стопирани.

Руско украинската криза ги стави во неизвесност и земјоделците и откупувачите. Стравуваат дека случувањата таму може сериозно да се одразат врз  пласманот на раноградинарските производи. Најзагрижени се за пролетната зелка  од која околу 40 проценти секоја година завршуваат на украинскиот пазар. Договори за пласман имало и годинава, но неизвесно е дали и во која мерка тие ќе се реализираат бидејќи неколку пратки  веќе биле стопирани.

„Во моментот млада зелка кај нас има многу слаби количини, меѓутоа ние товариме млада зелка за украинскиот пазар од Албанија.Пред десет дена точно цената таму нето утоварена на камион ја товаревме некаде на 72, 73 центи. Денеска истата се нуди под 60 центи и веќе неколку пратки кои требаше да заминат во моментот се стопирани затоа што горе продажбата е драстично намалена“,вели Блажо Витанов, откупувач.

Според трговците Украина  не била значајна само за пласманот, туку и за цената. Секоја година токму украинскиот пазар ја диктирал нејзината висина и држел повисока цека во однос на другите пазари.

„Украинскиот пазар ја држеше цената секогаш на почетокот и плаќаше повисоки цени за разлика од останатите наши купувачи од сите други земји. Не сакам да бидам песимист никако, дај Боже ситуацијата горе да се смири па да имаме некоја ситуација каде што непречено да може да носиме и кога ќе почне извозот на нашата зелка да не се рефлектира тука со ниски цени па да не знаеме каде со толкави количини ќе го тераме извозот“ вели Витанов.

Случувањата во Украина со загриженост ги следат и земјоделците. Од сојузот Синдикат на земјоделски производители се надеваат дека состојбата ќе се стабилизира, во спротивно велат неопходни ќе бидат нови пазари.

„Се уште не е почната ефективната берба на поголемите количини на земјоделски производи, пред се тука станува збор за зелката како прв производ, мислам треба тој временски период да се искористи и лека полека да се наоѓаат соодветни решенија односно барање на други пазари. Во спротивно мислам дека штетите ќе бидат не големи, огромни пред се кај нашиот земјоделски производител и ќе повторам дека никогаш до сега производствената цена на нашите земјоделски производи не била со толку високи цени“, вели Ристо Велков – Сојуз синдикат на земјоделски производители Василево.

Бербата на првите количини на пролетната зелка се очекува да започне за околу дваесетина дена.

https://sitel.com.mk/zemjodelcite-stravuvaat-za-plasmanot-na-ranogradinarskite-proizvodi

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close