fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Земјоделците во неизвесност дали ќе ги добијат вложените пари во ИПАРД проектите

Освен за земјоделска механизација, парите од ИПАРД може да се користат и за преработки на земјоделски производи, сушарници, дестилерии, откупни центри… вели Максимов.

За да ги добијат парите од ИПАРД, земјоделците мора прво да ја реализираат инвестицијата. Така на пример, ако аплицирале за земјоделска механизација, пред да ги земат парите за механизацијата,  мораа да ја купат механизацијата со кредит и да плаќаат камата на тие средства сè додека се изврши поврат на средствата.

– Повратот на средствата од ИПАРД-програмата земјоделците го добиваат по исплата и по добивање на механизацијата. Освен што земаат кредит за да ја купат земјоделската маханизација, друг проблем е што цената на механизацијата постојано расте. Така на пример, ако аплицираш за комбајн од 18 илјади евра, по извесно време ти кажуваат дека цената и е зголемена поради инфлација, транспорт или поради други трошоци. Поради тоа, многу земјоделци се откажаа бидејќи цената од 18 илјади им се качи на 21 илјада евра, а во тие 3 илјади евра ИПАРД не учествува. Така тие имаат дополнителни давачки кои мораат да си ги платат од џеб, изјави за весникот ВЕЧЕР Тони Максимов од Националната земјоделска мрежа.

Ние имавме предлог да склучиме фиктивен договор, односно земјоделците да платат 50 отсто, а другите 50 отсто државата да ги префрли на фирмата од која ја купуваме механизацијата. Во тој случај, земјоделците ќе земат само 9 илјади евра кредит, а останатите ќе ги плати државата која потоа ќе ги компензира преку парите од ИПАРД.

– Се надеваме дека средствата од ИПАРД ќе продолжат да течат и дека проектите ќе се реализираат, зашто во спротивен случај ќе изгубат не само земјоделците туку и државата со тоа што многу проекти за рурален развој ќе останат нереализирани. Освен за земјоделска механизација, парите од ИПАРД може да се користат и за преработки на земјоделски производи, сушарници, дестилерии, откупни центри… вели Максимов.

И од компаниите кои имаат склучено договори и имаат влезено во реализација на милионски проекти се надеваат на поврат на вложеното.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close