fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Земјоделците загрижени за ниските откупни цени на лебното жито

Пред стартот на жетвата на пченицата, цената е на ниво од 10 до 11 денари за килограм

Пред стартот на жетвата на пченицата земјделците загрижени.

Нема интерес кај мелничарите за откуп а онаму каде е најавено дека ќе се преземат одредени колични цената е на ниво од 10 до 11 денари за килограм. Оваа цена спред нив е далеку од трошоците кои тие ги имаат направено бидејќи есента за време на сеидбата дизелот беше со цена над 100 денари за литар и ѓубривата беа по 3000 денари за вреќа.

На барање националната земјоделска мрежа -Земјоделскиот институт од Скопје изработи производни цени кои за пченицата изнесуваат 19 денари. Со оглед на тоа дека откупната цена е 11 денари сметаат дека се исполнети законските одредби за интервентен откуп од страна на државата. Законот за земјдоелство предвидува кога откупните цени се под производните државата да изврши интервентен откуп за стокови резерви со цени од најмалку 25% над пресметаните производни цени и со тоа да се заштити домашното производството на житните култури, кои и според закон се стратешки култури од суштинско значење за државата и граѓаните. Од Министерството за земјоделство пак став дека по иницијативата на подсекторската група за жито преку Интервентната програма ќе се креира нова мерка со која се предвидува поддршка за пченицата, преку дополнителни 3 денари за продаден килограм пченица кај регистриани откупувачи во период до 31 август 2023 година. МЗШВ заедно со подсекторската група за жито, до Агенцијата за стокови резерви ќе упати барање планирананата јавна набавка на 15.000 тони пченица, за потребите на стоковите резерви, наместо во еден, да биде поделена во пет лотови од по 3.000 тони, давајќи предност на домашните количини пченица.https://kanal5.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close