fbpx
ВестиСовети

Земјоделски календар за месец Јули- сточарство

Во месец јуни, млечните раси животни се пуштаат на испаша и се прехрануваат
воглавном со свежа трева. Ова не ја исклучува и дополнителната прихрана со
концентрирана храна, на која количината и се одредува во зависност од поединечната
телесна состојба и млечност на животните.
Голема грешка е праксата пашата на животните да биде во области кои што се во
непосредна близина на прометни транспортни патишта. Потребно е да се знае дека тие ја
загадуваат животната средина, вклучувајчи ги и растенијата во радиус од околу 100
метри. Во површинскиот слој на зелената маса се акумулира олово, 3,4 бензспирени и
други штетни елементи. Преку млекото од молзните животни, оловото стигнува до
човечкиот организам. Со кумулативен ефект, се акумулира првенствено во коскената
срцевина и доколку се наталожи во одредена количина, предизвикува тешки оштетувања
на крвните садови и централниот нервен систем. 3,4 Бензспирените се другиот важен
загадувач – резултат на блискиот патен сообраќај, кои што повторно преку млекото
пристигнуваат во човечкиот организам. Тие имаат канцерогено дејство а и сто така и
тератогено дејство – односно ѓи оштетуват човечките ембриони.
Високите летни температури се причина за некои негативни појави во сточарството.
Некои поважни од нив се:
– Влошување на квалитетот на млекото. Под одредени услови млекото е идеална
хранлива средина за развој на бактерии и други микроорганизми. Тие го
разградуваат млечниот шеќер до млечна киселина, а тоа ги влошува технолошките
квалитети на млекото. Некои од состојките на млекото имаат бактерициден и
бактериостатски ефект кој што се задржува подолго време при пократок период од
молзење до ладење, по пониска температура на ладење ( 4-5степени за 36-
40часа), при подобра хигиена на молзење т.е загадување со што помал број на
микроорганизми.
– Маститисот кај млечните животни е друг проблем кој што се јавува во текот на
летните месеци во сточарството. Најважен услов за превенција е постигнување на
највисок степен на хигиена при молзење. При тоа треба да севнимава не само на
дезинфекција на вимето, туку и на исправноста и хигиената на молзните агрегати.
Мали оштетувања, како и неправилна манипулација при рачното молзење можат
да го трауматизираат вимето.
Механички повреди на вимето може да бидат предизвикани од грмушки, удар со
рогови и сл. Површинските рани се санираат со антисептички средства (пр. Јод
тинктура) и со прашок за рани ( најчесто суфатиацол). Длабоките рани треба да
бидат прегледани и третирани исклучиво од ветеринар.
– Високите јунски температури се причина за брзото расипување на храната. На
свињите и птиците во хранилкитетреба да им се приложува толку храна колку што
е доволно за еден оброк. На тој начин ќе се избегнат проблеми како дигестивни
нарушувања, намалување на продуктивноста, прејадување и ќе се намали
смртността.


 

агенција.гов.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close