fbpx
Вести

Препознавајте и консумирајте македонска органска храна со сонценце!

prepoznavajte i konsumirajte makedonska organska hrana so soncence

Од Федерацијата на производители на органски производи на Македонија посочуваат дека се подготвени информации и едукативни содржини со кои потрошувачите ќе можат да стекнат нови знаења и подетално да се запознаат со правилата и начините за органско производство

Македонија со своето благопријатно поднебје ги нуди сите потребни услови за да произведува органски производи, како за своите граѓани така и за извоз на европските пазари. Но дали македонските граѓани се доволно едуцирани за да можат да го препознаат органското производство.

За таа цел денеска и утре во рамките на “Деновите на органското производство 2016” граѓаните ќе бидат информирани за органското проиџводство, а тоа е организирано од Федерацијата на производители на органски производи на Македонија со поддршка од Министерство за Земјоделство, шумарство и водостопанство

Едукативната промоција утре ќе се случи на ул. “Даме Груев” пред продавницата на ДМ од 11.00 часот, а в сабота на 10 декември исто така пред продавницата ДМ лоцирана во “Капитал мол”.

Од Федерацијата на производители на органски производи на Македонија посочуваат дека се подготвени информации и едукативни содржини со кои што потрошувачите ќе можат да стекнат нови знаења и подетално да се запознаат со правилата и начините за органско производство.

– Потрошувачите ќе можат да се забавуваат и да учествуваат во мини квиз, при што ќе имаат можност да го покажат своето знаење за органското производство и да бидат наградени – велат од оваа Федерација.

Органското производство во земјава се уредува со строги правила поставени во Законот и правилниците за органско производство и се контролира од страна на независни контролни и сертификациски тела, овластени од страна на Министерството за земјоделство, Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот земјоделски инспекторат.

Потрошувачите треба да знаат дека органските производи од домашно потекло треба да бидат обележени со националната ознака за органски производи, додека оние од увоз најчесто се означени со логото за означување на органски производи на Европската Унија.

Како што посочуваат стручњаците, преодот од конвенционално во органско производство е задолжителен и сложен процес кој за растителните култури трае помеѓу 2 и 3 години. Исто така производителите на органски производи имаат обврска континуирано да ги исполнуваат правилата и најмалку еднаш годишно да поминат соодветна контрола за да го задржат органскиот статус и да се здобијат со сертификат.

Од Федерацијата на производители на органски производи на Македонија укажуваат дека во растителното органско производство е дозволена употребата само на мал број препарати (пестициди и ѓубрива) коишто се од природно потекло.

-Така чорбата од коприва е еден од најупотребуваните препарати за уништување на инсектите, додека овчото шталско ѓубре е еден од најупотребуваните ѓубрива- велат од оваа Федерација и дополнуваат дека развиените земји одамна го имаат препознаено бенефитот од органското производство од економски, здравствен и еколошки аспект и инвестираат во развојот на органското производство, додека пак нивните потрошувачи сакаат да купуваат органски производи.

Што се однесува пак на сточарските стопанства коишто се вклучени во органското производство тие треба да обезбедат органска сточна храна за да ги хранат животните.

Органските пчеларници треба да се лоцирани на места во коишто нема извори на загадување во пошироката околина.

Она што е позитивно за руралните средини е што органското производство вклучува употреба на повеќе работна сила наместо употреба на хемиски препарати.

Тагови

Слични написи

8 Comments

  1. Il est très difficile de lire les e-mails d’autres personnes sur l’ordinateur sans connaître le mot de passe. Mais même si Gmail offre une sécurité élevée, les gens savent comment pirater secrètement un compte Gmail. Nous partagerons quelques articles sur le cracking de Gmail, le piratage secret de n’importe quel compte Gmail sans en connaître un mot.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close