fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаМеханизацијаТоп вести

Земјоделските задруги ќе добијат најмногу до 700.000 денари по корисник за земјоделска механизација

Крајниот рок за поднесување на барањата е заклучно со 17 јуни 2023 година.

На јавниот повик право на учество имаат земјоделските задруги кои се запишани во Регистарот на земјоделски задруги во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Висината на финансиската поддршка согласно Програмата за поддршка на развојот на земјоделските задруги за 2023 година изнесува најмногу до 700.000 денари по корисник со вклучен ДДВ за трошоци за набавка на механизација https://www.sinpeks-shop.mk/и опрема за инвестиции за примарно земјоделско производство и најмногу до 1.500.000 денари по корисник со вклучен ДДВ за трошоци за набавка на опрема, маркетинг услуги и услуги за достигнување на стандарди за инвестиции за преработка на земјоделски производи, појаснуваат од МЗШВ.

Доделувањето на неповратна финансиска поддршка се врши врз основа на следните критериуми кои се бодуваат според број на вработени во земјоделската задруга; број на членови во земјоделската задруга; имот (земјиште) или пчелни семејства кои ги користат членовите на земјоделската задруга; поседување на недвижни и/или подвижни ствари или договор за закуп на недвижни и/или подвижни ствари поврзани со реализација на бараните проектни активности; вкупен приход на земјоделската задруга од Билансот на успех за 2022 година; број на планирани нови работни места утврдени од деловниот план поврзани со потребата од бараните проектни активности; учество на жени и млади земјоделци во вкупниот број на членови на земјоделската задруга; млад земјоделц до 40 години; жена земјоделка и земјоделски задруги со седиште во рурални средини лоцирани во “Планински” области (над 700 м).

Најголем број на бодови што може да ги добие земјоделската задруга, се подвлекува, изнесува 100 бода.

Еден корисник може да поднесе само едно барање за доделување на финансиска поддршка согласно овој јавен повик и Програмата.

Крајниот рок за поднесување на барањата е заклучно со 17 јуни 2023 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close