Земјоделско осигурување  модел кој целосно го прифаќа СН Осигурителен брокер Битола 

(Oвој напис е објавен на: November 2, 2018)

 

 

Земјоделството во Македонија претставува значајна стопанска гранка која во бруто домашниот производ учествува со над 10%, дејност со која се занимава околу 20% од населението или околу 70000 регистрирани земјоделци и 200000ha обработливо земјиште.

 

 

Преспанскиот регион е исклучително ризичен, знаејќи дека во последните години основен проблем од климатските промени врз земјоделството не е само недостигот на вода. Имено, земјоделците се соочуваат со суша, многу високи температури, доцни пролетни мразеви, преголема инсолација, нови болести и штетници, појава на топлотeн стрес и град врз земјоделските култури што доведува до намалување на приносите и нивниот квалитет.

Но, климатските промени носат и други уште посериозни последици, кои засега земјоделците не ги забележуваат. Очекувано е намалување на плодноста на почвите поради поинтензивната загуба на органска материја, интензивирање на ерозијата поради намалена покриеност на земјиштето со вегетација и поинтензивни врнежи, забрзан раст на земјоделските култури поради зголемените температури и многу други.

 

Затоа, земјоделското осигурување претставува единствен трансфер на ризик со надокнада за земјоделецот. Го намалува ризикот и го стабилизира доходот на земјоделецот. Ја намалува неизвесноста и му дава можност на земјоделецот да планира на подолг рок.

Впрочем, осигурителните компании испорачуваат земјоделско осигурување чие крајно решение и покритие го обезбедуваат токму осигурителните брокери. Затоа, осигурителните брокери се вистинскиот начин земјоделците да дојдат до добро осигурување особено кога нивните посеви се во крајно ризични региони, а осигурителните компании во тој случај избегнуваат да се заштитат од самиот ризик.

Дури 80% од полисите во ризичниот регион – Преспа се изработени од страна на СН Осигурителен брокер Битола, со што нескромно можеме да истакнеме дека сме лидери меѓу брокерските друштва и активно се вклучуваме во донесувањето на законски мерки и начин на обесштетување на земјоделците и нивно целосно информирање.

 

Искуството во изминатите три години, кажува дека имаме традиционални осигуреници-наши следбеници и соработници или веќе и наши деловни партнери.

 

Заедно со тимот којшто работи на земјоделкото осигурување ги вклучуваме и нашите осигуреници се со цел да претставуваат наша проширена комисија со која ќе можеме да овозможиме ефективни промени кај осигурителните компании во делот на проценка на оштетување и обештетување на плодовите.

Ние како осигурителен брокер нудиме и бесплатна правна помош во случај на штета како и во делот на склучување на договорите. Во нашето брокерско друштво постои тим кој врши процена на штети и истиот е вклучен во сите комисии за обештетување. Тоа значи дека кај нас земјоделецот не е повеќе САМ, туку со нас земјоделецот добива свој партнер, а тоа е СН Осигурителен брокер Битола.

Како брокери кои ги познаваат осцилациите на пазарот, честопати сме се соочиле со асиметрични информации кои доведуваат до негативна селекција и морален хазард кај осигурениците.

Но,  СН осигурителен брокер Битола во изминатиот период покрај посветеноста на сите видови на осигурувања, презема посебна обврска кон аграрниот сектор за што релевантен показател е фактот дека повеќе од 50% од портфолиото на СН Осигурителен брокер Битола е токму зејоделското осигурување.

Тоа за нас е мотив повеќе успешно да ги заштитуваме нашите осигуреници и затоа им порачуваме:

„ СИГУРЕН ЗЕМЈОДЕЛЕЦ Е САМО ОСИГУРАН ЗЕМЈОДЕЛЕЦ“ !

 

Зелена берза

 

 

 

Share Button