fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделското училиште и „Синпекс“-Битола обезбедуваат дуално образование за профилот агротехничар

Учениците кои го избрале дуалниот модел на стручно образование општообразовните и стручно-теоретските предмети ги следат во училиште, додека за практичното образование се распределуваат кај работодавач со кои училиштето има потпишано мемоморандум за соработка.

 СОЗУ „Кузман Шапкарев“ -Битола во соработка со „Синпекс“ – Битола, од оваа 2021/2022 учебна година, нудат ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ за профилот АГРОТЕХНИЧАР.

Агротехничарот, контролира операции за примена на основните техники при работа во полјоделското, градинарското, цвеќарското, лозарското и овоштарското производство; правилно подготвува земјоделски машини и материјали за растително производство; применува системи за обработка на површините за производство на земјоделски култури, начини и техники на сеидба, садење и расадување, мерки за нега на земјоделските култури; применува принципи на органско земјоделско производство и можностите за преминување од конвенционално во органско земјоделско производство; спроведува пропишани технологии за работа, контрола на зоохигиенски и микроклиматски услови во објектите за чување на животни; контролира пропишани мерки за исхрана на сите видови и категории на животни, млечност, прираст и несивост, условите за безбедно складирање и чување на производите од сточарското производство; учествува во изработка на план за работа, земање примероци за анализа од сточарски производи и сточна храна; води матична евиденција за животните, за продукција на животните и примена на принципите на органско сточарско производство; контролира операции за примена на основните техники при работа со земјоделска механизација. Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Оператор за растително земјоделско производство, Оператор за сточарско производство, Оператор за земјоделска механизација, но и на други занимања, согласно со стекнатата квалификација.

Самото воведување на дуален модел на стручно образование претставува системска интервенција за приближување на стручното образование до потребите на пазарот на труд како потреба искажана од страна на стопанствениците, со што се постигнуваат три важни цели:

  1. Се зголемува можноста за вработување кај младите
  2. Се добива образование според потребите на компаниите
  3. Се зголемува конкурентноста на компаниите преку вработување на најдобрите ученици

 

Градењето на млади генерации кои поседуваат релевантни знаења, вештини и компетенции, кои обезбедуваат вработување и продуктивност  веднаш по завршувањето на образованиетого поттикнуваат економскиот раст во државатаи и ја подобруваат социјална состојба кај населението.

Клучни принципи во дуалниот модел на стручно образование се:

 

–       задолжителна реализација на наставните планови и програми на две места: во установа за стручно образование и обука и кај работодавач при што теоретското образование и вежби се реализираат во установата а практичната обука во компаниите,

–       зголемено учество на практичната обука во наставните содржини,

–       партнерство меѓу училиштето, работодавачот и ученикот/ученичката(родител/старател) со јасна поделба на обврските и одговорностите на засегнатите страни;

–       слобода на установата за стручно образование и обука и работодавачот во определувањето на стручните и специфичните вештини кои треба да ги постигнат учениците, како и времето и начинот на кој тоа ќе го направати;

– посветеност на работодавачот за постигнување на компетенции кај учениците, специфични за организацијата.

 

Една од карактеристиките на дуалниот модел на стручно образование е тоа што практичното образование на ученикот/ученичката во текот на сите години од образованието се реализира само кај еден работодавач и со тоа се подготвува и придонесува во продуктивноста со што се обезбедува  исплатливост на работодавачот да инвестира во нивното обучување.

Учениците кои го избрале дуалниот модел на стручно образование општообразовните и стручно-теоретските предмети ги следат во училиште, додека за практичното образование се распределуваат кај работодавач со кои училиштето има потпишано мемоморандум за соработка. Ученикот/ученичката по завршувањето на образованието покрај теоретското знаење се стекнува и со  практично образование согласно дејноста на компанијата, кое ќе биде рефлектирано во додатокот на диплома за завршено средно образование.

Придобивки за учениците

Ученикот/ученичката кој/која ќе го избере дуалниот модел во стручното образование и обука ги има следниве придoбивки:

  • Стекнува релевантно знаење, вештини и компетенции за успешен премин од училиште кон вработување преку практична обука во реални работни услови/кај работодавач;
  • зголемена можност за вработување веднаш по завршување на образованието кај работодавач од каде го реализирал практичното образование;
  • можност за развој на претприемништво, иновативност и креативност потребни за сопствен иден професионален развој;
  • развој насоцијални вештини (тимска работа и партнерска соработка, споделување на сопствените и почитување на другите размислувања и идеи);
  • стекнува одговорност, посветеност во работењето, искуство и навики за грижа за своето непосредно и за своето пошироко окружување (надвор од домот и училиштето);
  • подобрување на меките вештини: самодоверба, сигурност, дисциплина, самоиницијативност, креативност, лојалност, претприемнички вештини и сл;
  • можност за стекнување на определен надоместок од страна на компанијата;
  • добивање стипендија во висина од 3500 денари од МОН;
  • развива одговорност и самостојност – чувство за помала зависност од родителот/старателот преку учење во реална работна средина иличниот придонес на работното место, комбинирано со финансискиот надоместок.
  • Се намалува притисокот за продолжување на образованието и финансискиот притисок на семејството заради зголемената можоста на вработување.

Придобивки за училиштето

Училиштето кое нуди дуален модел на стручно образование и обука ги има следниве придобивки:

  • запишува и образува ученици потребни на пазарот на труд;
  • го подобруваквалитетот и обемот на практичниот дел од образованието;
  • поголема автономија во изборот на содржини, методи, форми и материјали за работа на наставниците и можност за заемно учење и усовршување со менторите кај работодавачот;
  • учествува во прилагодување или развој на наставни програми и модули во согласност со сегашните и идните потреби на економијата;
  • учествува во развој на систем во кој квалификациите ќе бидат стекнати во реални работни услови;
  • зголемена и конкретна соработка со работодавачите и споделена грижа за подготовка на компетентни млади луѓе;
  • добивање релевантни информации за случувањата на пазарот на трудот и следењето на промените;
  • намалени трошоци за обезбедување современа опрема и материјали за реализација на практичната обука во училиштето;
  • зголемена можност за донирање на опрема и др. средства за подобрување на условите за настава во училиштето;
  • заеднички настап во меѓународни проекти;
  • поголеми можности за стручно усовршување на наставниците;
  • можност да стручни лица од компаниите да придонесатт и во теоретско наставните содржини со информации за новите технологии;
  • промовирање на училиштето изголемена атрактивност во регионот и во локалната средина и поголем интерес на учениците/родителите за запишување во училиштето.
  • Поголема можност за соработка со училишта надвор од државата кои имаат дуални паралелки со цел на размена на искуства  и идеи во дуалното образование

Придобивки за работодавачите

Работодавачот кој се вклучува во дуалниот модел во  образование ги има следниве придoбивки:

  • вработува млади остручени кадри според своите потреби;
  • вработениот ученик веднаш се вклучува во производниот процес без да се губи време за нивна обука;
  • има увид во постигнатите образовни цели во училиштата преку нивно учество во завршните испити;
  • информираност за случувањата во образовниот процес;
  • учествува во подготовка на компетентни кадри во соработка со образовните институции;
  • инвестира во своите идни вработени, што на долг рок ќе го реши проблемот со недостаток на одредени квалификувани работници;
  • можност за прилагодување или развивање наставни програми,модули и програми за обуки во согласност со сегашните и идните сопствени потреби и потреби на секторот;
  • го запознава и обучува својот потенцијален вработен кој освен теоретско, ќе има и практично знаење специфично за неговата дејност;
  • идентификува и обучува потенцијални кадри за вработување за посложени работни процеси;
  • развива Стратегија за идни вложувања затоа што знае дека има соодветно подготвен кадар за тоа;
  • ги покрива трошоците кои ги направил за практичната обука прекупродуктивната работа на учениците од погорните години на образованието и за време на феријалната практика (правилно обучениот ученик/ученичкасамостојно ќе може да учествува во работните процеси, да изготвува продукти или извршува услуги);
  • внесува нова енергија и иновативност преку учениците кои позитивно влијаат на климата во претпријатието;
  • се промовира кај своите вработени, кај клиентите, во локалната средина и пошироко како социјално одговорен, современ работодавач со нова енергија.

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close