fbpx
ВестиТоп вести

Земјоделски задруги ќе добијат договори за ЕУ грантови

Девет веќе постоечки и осум новоформирани земјоделски задруги од различни региони на земјава денеска ќе ги добијат договорите за финансиска поддршка од ЕУ.

Станува збор за ЕУ грантови кои се дел од проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиран од ЕУ, а спроведуван од CARE Германија и Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП).

На доделувањето се предвидени обраќања на министерот за земјоделство Трајан Димковски и на раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини.

извор: iportal.mk

Слични написи

Back to top button
Close