fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Жетвата во Кумановско без прекини, се очекува понизок принос

Приносот кај јачменот се движи од три до три и пол тони по хектар кaj индивидуалните земјоделци, а кај фирмите е повисок, од четири до четири и пол тони по хектар.

Жетвата во Кумановскиот регион се одвива без прекини иако започна со задоцнување поради интензивните врнежи на почетокот од сезонатa.

Надлежните проценуваат дека оваа производна година ќе се карактеризира со понизок принос во однос на претходните години поради неповолни услови за развој на житата.

Според податоците од терен, приносот кај јачменот се движи од три до три и пол тони по хектар кaj индивидуалните земјоделци, а кај фирмите е повисок, од четири до четири и пол тони по хектар додека кај пченицата е од два и пол до три тони по хектар кај индивидуалните земјоделци, а кај фирмите од три и пол до четири и пол тони. Приносот е повисок кај земјоделските претпријатија бидејќи ги применуваат агротехничките мерки.

Жетвата на јачменот е при крај и досега се ожнеани 70 проценти од вкупно 7.520 хектари. Слична е ситуацијата и кај пченицата каде се насеани 11.340 хектари. Земјоделците од трите општини завршиле и ги ожнеале 750 -те хектари површина насеана со овес

Слични написи

Back to top button
Close