fbpx
Вести

Зголемени средствата за поддршка на планските региони

Финансиската поддршка за единиците на локалната самоуправа од страна на централната власт континуирано ќе расте.  Освен блок донациите зголемени ќе бидат и средствата кои општините ги добиваат преку планските региони. Од министерството за локална самоуправа велат дека заложба на владата е овие средства сукцесивно да  се зголемуваат секоја година.  Само преку надлежното министерство планските региони следната година ќе добијат средства повисоки за 70% или 210 милиони денари, додека останатиот дел до 336 милиони ќе го добијат преку бирото за регионален развој.

,, Средствата коишто тие како региони ќе ги користат изнесуваат околу 336 милиони денари што согласно новите буџетски проекции на Република Македонија се зголемени за 100 милиони денари.,, вели Кирил Парталов – државен секретар во министерство за локална самоуправа

Вториот регион по развиеност во државата, југоисточниот, следната година за реализација на проекти ќе добие околу 23 милиони денари. Градоначалникот на Струмица кој во следните две години ќе биде и на позицијата претседател на советот на градоначалници во југоистокот вели дека нивна главна  задача ќе биде намалување на разликите помеѓу руралните и урбаните средини.

,, Наш приоритет ќе бидат интересите на граѓаните од сите десет општини. Тоа значи дека предност ќе даваме на проекти кои ќе овозможат рамномерен квалитетен живот за сите граѓани и во градските и во руралните средини.,, вели Коста Јаневски – претседател на совет на градоначалници на ЈИ регион

,, Прво што ќе почнеме заеднички да го работиме е во делот на подготовка на апликации и искористување на средствата од програмата за развој на регионите кои оваа година се некаде од прилика за 62%  зголемени од претходната година.,, вели Жулиета Ѓуркова – раководител на центар за развој на ЈИ регион

Освен средствата кои ги добиваат од централната власт,  планските региони дел од нивните проекти имаат можност да ги реализираат и преку повеќе странски фондови кои им стојат на располагање.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close