fbpx
Вести

Зголемено рибокрадството во езерото Калиманци

zgolemeno rbokradstvoto vo ezeroto kalimanci

Годинава рибочуварската служба од спортско-риболовно друштво „Шаран” од Македонска Каменица одзела над 70 мрежи од рибокрадци кои незаконски ловеле риби со мрежи во езерото Калиманци

За претстедателот на СРД „Шаран” Горан Стоименовски, ова е сериозна бројка која имплицира дека е потребна поголема заштита на езерото и посериозен пристап од надлежните институции.

-Ние како рибиловно друштво кое ја има концесијата на езерото Калиманци веќе 4 години, алармираме дека има пораст на рибокрадството. Ние како концесионери преземаме мерки за негова заштита, имаме еден редовно вработен и двајца ангажирани од агенција за обезбедување. За жал, не можеме да ги промениме навиките кај поедици. Се лови со мрежи што е надвор од нашите претстави за спортски риболов, гранка која сакаме да ја развиваме и да ги донесеме рибарите од сите краеви на нашето езеро. Јас апелирам до државните органи да бидат поажурни, а казните за овој вид прекршок да бидат посериозни, за да има ефект нашата работа, порибувањето кое го реализираме по однапред определена програма, рече Стоименовски.

Викендов беше реализирано планираното годишно порибување на езерото Калиманци, при што во водите на езерото беа пуштени осум илјади парчиња крап. Средствата во износ од 150 илјади денари ги обезбеди Општина Македонска Каменица.

Тагови

Слични написи

2 Comments

  1. Suivre le téléphone portable – Application de suivi cachée qui enregistre l’emplacement, les SMS, l’audio des appels, WhatsApp, Facebook, photo, caméra, activité Internet. Idéal pour le contrôle parental et la surveillance des employés. Suivre le Téléphone Gratuitement – Logiciel de Surveillance en Ligne.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close