Зголемување на прометот во трговијата на мало

(Oвој напис е објавен на: July 6, 2018)

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во мај 2018 година, во споредба со мај 2017 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 13.0 %, а реално за 9.7 %), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 7.7 %, а реално за 4.9 %) , Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 10.3 %, а реално за 8.0 %) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 12.8 %, а реално за 1.9 %).


 

бизнисвести

Share Button