fbpx
ВестиМакедонија

Жените ги надминаа мажите со образование, но не и со платите

Жените по традиција се предводници во домашните активности.

Право на образование имаат и се повеќе жени се образовани, доминантни се во одредени сектори како правото, економијата, образование и медицински дејности, но кога станува збор за присутност на управувачки позиции постои нерамнотежа. Тука преовладуваат се уште мажите, а жените по традиција се предводници во домашните активности.

Официјални податоци од Државниот завод за статистика од септември 2020 година покажуваат дека женскиот пол во периодот од 2000 – 2019 година е застапен како високообразован кадар со 59 проценти од вкупниот број високообразовани луѓе во државата. Во 2019 година, од вкупно одбранети магистерски студии дури 60,1 отсто се на жени, а одбранети докторски дисертации се 58,9 проценти се од жени.

Но, иако имаат соодветно образование, бројките покажуваат дека со исто ниво на образование платите кај жените се пониски. Податокот на статистика достапен за 2014 година вели дека со високо обрзование мажите просечно имаат заработувачка од 24.834, додека жените 23.488, со средно 21.024 мажите, а жените 17.455…, а , исто така, и работниот час просечно кај жената е понизок за разлика од мажот.

-Наспроти високите бројки на образован женски кадар, постои видлив дисбаланс во однос на процентот на жените присутни на управувачки позиции во бизнисот и општеството воопшто, односно, само 28,7 проценти според последните истражувања од првото тромесечие во 2020 година. Констатирано е дека колку се оди повисоко во органите на управување, како надзорни и управни одбори, борд на директори и сл. толку застапеноста на жените е помала, вели за МИА Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенција „Марили“, која работи на  проекти посветени на жената во бизнисот и која веќе 25 години прави годишно избор на 10 најдобри жени менаџерки во земјава.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close