fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Жените земјоделки добија државно земјоделско земјиште и се корисници на мерката Млад земјоделец

„Руралната жена е носител на промени и развој во земјоделскиот сектор. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство активно работи на поддршка на руралната жена: - на последните 4 јавни повици за државно земјоделско земјиште, 248 од 1.454 договори (17%) се склучени со жени; - на Јавниот повик за мерката 112 за млад земјоделец, повеќе од половина од 117 договори се склучени со млади земјоделки

Во Дојран се одбележа Меѓународниот ден на руралната жена – ден посветен на жените кои се столбот на македонското земјоделство и руралниот развој, објави министерот за земјоделие Цветан Трипуновски.
„Руралната жена е носител на промени и развој во земјоделскиот сектор.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство активно работи на поддршка на руралната жена:
– на последните 4 јавни повици за државно земјоделско земјиште, 248 од 1.454 договори (17%) се склучени со жени;
– на Јавниот повик за мерката 112 за млад земјоделец, повеќе од половина од 117 договори се склучени со млади земјоделки;
– преку Меморандумот со UN Women формиравме работна група за родова еднаквост во земјоделството.
Наши конкретни чекори на кои работиме се:
– програмата за мајчинство да стане трајно институционално решение;
– до крајот на годината ќе ја дизајнираме мерката 115 според реалните потреби на руралните жени;
– подигање на свеста за сопственост на земјиште и регистрирани земјоделски домаќинства на име на жени.
Соработката меѓу невладиниот сектор и државата не е опција, туку е неопходност.
Заедно креираме реални промени, заедно градиме општество каде што секоја жена, од секое село, има еднакви можности за успех и достоинствен живот“, објави Трипуновски.
 
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close