fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Жените знаат да го најдат вистинскиот пат и храбро да се борат

Самит на женско претприемништво

Жените имаат исти права како и мажите, но не секогаш имаат исти можности. На секоја жена која има доволно знаење и квалитет, треба да ѝ биде дозволено да обезбеди подобро утре, беше истакнато на првиот самит за женско претприеништво што денеска и утре се одржува во Скопје.

 

 

Надлежните институции ветуваат поддршка со цел уште повеќе да се поттикне и зајакне женското претприемништво. Годинава, за првпат се прогласени и најдобрите жени претприемачи, а податоците покажуваат дека компаниите во сопственост или управувани од жени ја зголемиле добивката и бројот на вработени. Во периодот 2018-2020 година, селектираните 51 компанија, кои учествуваа во изборот, го зголемиле бројот на вработени за 70,73 проценти, а добивката за дури 112,44 проценти.

Според претседателката на Националната платформа за женско претприемништво, Валентина Дисоска, жените претприемачи многу лесно знаат да го најдат вистинскиот пат и храбро да застанат и да се борат за своите права и позиции.

За неа, како што истакна, високо поставена цел е женското претприемништво да стане мотор за креирање на економски раст, за креирање на вработливост и на средина во која достоинствено и економски зајакнато ќе се живее.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, смета дека жените во бизнисот и жените на лидерските позиции се конкурентна предност, но за да се постигне оваа додадена вредност, потребна е повеќеслојна системска поддршка, која, како што посочи, Владата ја реализира преку низа мерки и активности со цел да се искоренат сите родови стереотипи.https://nezavisen.mk/samit-na-zhensko-pretpriemnishtvo-zhenite-znaat-da-go-najdat-vistinskiot-pat-i-hrabro-da-se-borat/

 

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close