Жетварите очекуваат род од 4 тони по хектар, се очекува домашна пченица од над 255.000 тони
Родот е просечен затоа што немаа пари навремено да ја наѓубрат пченицата.
Земјоделците очекуваат родот да се движи околу 4 тони по хектар. Родот е просечен затоа што немале пари навремено да ја наѓубрат пченицата.
„Затоа ќе бараме дополнителни субвенции за наредната сеидба да се покриваме, затоа што не можеме да излезиме на крај со сите трошоци. Не можеме да фрлиме ниту ѓубриво, оваа година ќе ни бидат послаби пчениците“, вели Трајче Стомнароски, земјоделец од с. Пашиноруфци.
Годинава се очекува домашна пченица од над 255.000 тони, исто како и лани, а потребните дополнителни количини ќе се увезуваат. Според министерот Николоски во моментов сите сили се насочени кон тоа Македонија да стане што е можно помалку увозно зависна за стратегиските култури, да го одржиме и пред се да го зголемиме домашното производство.
„Токму затоа е Националниот план и Интервентниот фонд, преку кого доделуваме и 50% зелена нафта и 40% за вештачки ѓубрика која ќе продолжи како поддршка и во есенската сеидба и ги опфаќаме сите останати сектори, даваме 100 евра дополнителна субвенција доколку се оствари принос и кај сончогледот и кај пченката и пченицата кои што е дефиниран“, вели Љупчо Николовски, министер за земјоделство.