fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Жител на кавадаречко село имал секс со магаре и објавил видео на Фејсбук, судот го казни со 400 евра

„Обвинетиот маж  вршел полово дејствие заради задоволување на своите полови страсти врз домашно животно – магаре, пред друго лице, кое со мобилен телефон го снимал половото дејствие и потоа снимката ја препраќал на други лица и јавно ја објавил на Фејсбук“, пишува во обвинението со предлог за издавање на казнен налог.

Жител на кавадаречко село е осуден затоа што со помош на пријател прикажал на социјалните мрежи како има секс со магаре. За ова тој е осуден на парична глоба од 400 евра за кривичното дело „Задоволување на полови страсти пред друг“. Обвинетиот не се жалел и пресудата е правосилна. Настанот се случил на 5 март годинава, околу 12.30 чaссот, во близина на фудбалско игралиште на селото каде живеел, објавува порталот „Сакам да кажам“.

„Обвинетиот маж  вршел полово дејствие заради задоволување на своите полови страсти врз домашно животно – магаре, пред друго лице, кое со мобилен телефон го снимал половото дејствие и потоа снимката ја препраќал на други лица и јавно ја објавил на Фејсбук“, пишува во обвинението со предлог за издавање на казнен налог.

Судијата во образложението за пресудата, констатирал дека кривичното дело се состои во вршење полово дејствие, пред друг на јавно место, со што е прекршен половиот морал и правилниот развиток на децата. По ова во Основен суд Кавадарци, изречена е парична казна од 40 дневни глоби во вредност од по 10 евра, или вкупно 400, во денарска против вредност.https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zhitel-na-kavadarechko-selo-imal-seks-so-magare-i-objavil-video-na-fejsbuk-sudot-go-kazni-so-400-evra/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close