fbpx
ВестиСовети

Пченица – зрно живот

Една третина од вкупната светска популација ја базира својата исхрана токму на употребата на пченицата и нејзината обработка на најразлични начини. Производите од пченица доминираат на светските пазари и во прехранбената индустрија, па затоа таа и понатаму се смета за една од најзначајните житарки во светот.

Меѓу бројните модерни трендови на велнес културата и здравото живеење, во последно време е актуелно мислењето дека пченицата треба да се одбегнува. Сепак, оваа популарна житарка со милениуми наназад служи како основна суровина на човековата исхрана, што, имајќи ги предвид нејзините хранливи и корисни својства, апсолутно ја оправдува нејзината употреба. Ако е обработена на вистински начин, пченицата како најважна и најчесто користена житарка во светот секако не треба да изостанува од нашите трпези. Целите нејзини зрна се богати со исклучително корисни нутритиенти за нашето здравје и организам. Употребата на интегралната пченица во исхраната е корисна и ефикасно делува на целокупниот човеков систем.

Консумацијата на варена пченица на редовно ниво може да делува превентивно кај одделни здравствени состојби, како што се опстипација, хемороиди и рак на дебелото црево.

Интегралното, цело зрно на пченицата изобилува со витамини и минерали. Посебно се значајни витамините од , кои се исклучително значајни за функционирањето на целиот организам, за енергијата и имунитетот.

Зрното од пченицата е богато и со бета-каротен, витамин Е, калциум, магнезиум, фосфор и железо. Во себе има најголем дел од протеини за разлика од сите други житарки. Во 100 грама неварена пченица има 350 калории, 13 грама белковини, 2,5 грама масти и 70 грама јаглехидрати. Мастите се наоѓаат во никулците на пченицата, додека минералите се дел од лушпата на зрното. Поради тоа најдобриот и најкорисен начин за консумирање на пченицата е целото зрно.

Варената пченица е одличен извор на хранливи состојки, со посебен акцент на хранливи влакна и минерали. Таа ја обезбедува оптималната количина на корисни материи за човековиот организам и воопшто има бенефит за здравјето. Во една шолја варена пченица има 15 калории, 8,19 грама хранливи влакна, 58 грама магнезиум, 11,1 грама манган, 0,09 грама триптофан.

– Варената пченица содржи лигнани, фитонутритиенти, кои имаат антиканцерогено дејство, а научните истражувања покажуваат дека ова посебно важи за канцерот на дојка. Една студија покажала дека консумирањето мала количина пченични трици дневно може да ја намали концентрацијата на жолчна киселина и бактериите во столицата, за кои се смета дека може да бидат поттикнувачи на карцином на дебелото црево.

– Употребата на пченица може да помогне во регулирањето и оддржувањето на телесната тежина, бидејќи ја спречува појавата на метаболички синдром на собирање на масти во пределот на стомакот, а во истовреме дава оптимална количина на добар холестерол, триглицериди и го оддржува крвниот притисок.

– Варената пченица изобилува со бетаин, корисна состојка која игра важна улога во ублажувањето на хроничните воспалителни процеси.

– Пченицата, посебно триците, делуваат како природен лаксатив, бидејќи се богати со растителни влакна, фосфор и Б витамини.


 

панацеа.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close