fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Жителите на кумановско Речица не дозволуваат да се закопуваат угинати свињи во близина на нивното село

Револтирани од односот на стручните од АХВ и од општината

Жителите на Речица се револтирани зошто токму кај нив се закопуваат угинатите свињи од африканска чума. Тие денеска кажаа за нив проблем е зошто од друго село се носат свињи во близина на нивното село.

– И нас ни беше одземена стоката лани, заради истата причина, но беа однесени на соодветно место. А сега од фарма од друг село Тромеѓа се носат кај нас, сакаме да добиеме образложение зошто е тоа така. Кризен штаб беше вчера, а свињите се копаат тука веќе четврти ден. Има најмалку четири дупки со свињи. Не е запазен предвидениот начина на заштита, немаше средство за дезинфекција, кажа Милош Станојковиќ.

Тие велат дека се револтирани од односот на стручните од АХВ и од општината.

– Ние гледаме во Хрватска како беше за оваа состојба. Неколку дена имаше повеќе тури со угинати свињи. Течеше крв од животните. Никој не нè слуша и не ги разгледува нашите барања, тука да не се закопуваат. Општината овде има само 2.000 метри квадратни, кажа Жика Стојановски, жител.

Целиот текст nezavisen.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close