fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Житното море на ЗК-Пелагонија

(фотогалерија)Полињата со жито дозреваат, а комбинатот веќе се подготвува за новата жетва.

На златно-зелено море наликуваат полињата на најголемиот земјоделски комбинат во државата ЗК-Пелагонија АД Битола. Непрегледни се парцелите на комбинатот во плодната житница Пелагонија, засеани со пченица, јачмен и други житни култури. Полињата со жито дозреваат, а комбинатот веќе се подготвува за новата жетва. Секој поглед кон житните посеви и натежнатите класје ви ги исполнува и очите и душата, зошто бесценето е секое зрно од плодот.

Нема достапен опис

По традиција жетвата во ЗК-Пелагонија секогаш започнува на почетокот на јули, околу празникот Иванден.

Дождот кој наврна на почетокот на јуни, го подобри квалитетот на житните култури, што е добар знак за високи приноси и квалитетно производство.

Нема достапен опис

-Приносите се мерат според должината на класот и бројот на зрна. Во јуни имаме врнежи, но потребни се почести врнежи за да го налее зрното, да биде полно, па да кажеме дека и приносите се подобри. Од почетокот на јуни до почетокот на јули, зрното треба да ги помине трите фази – од млечна фаза, да премине во восочна, па во полна зрелост за да започнеме со жетвата. Што значи до 10 јули, најдоцна, зрното треба да биде исполнето со полна зрелост. Така за да знаеме колкави се приноси ги пресметуваме бројот на зрната во класот, бројот на класови на метар квадратен и се констатира планираниот принос, вели Драги Ташковски, раководител на ПЕ Новаци, во ЗК-Пелагонија.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

ЗК-Пелагонија родот го пласира кај традиционални откупувачи

ЗК-Пелагонија, традиционално одгледува сорти на пченица од кои се остварува високо квалитетно производство, благодарение на соработката со голем број на научни институции и што е најважно се применуваат сите агротехнички мерки од почеток до крај.

Нема достапен опис

Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, годинава ќе жнее пченица од есенската сеидба на површина од 5.800 хектари и јачмен на површина од 1.700 хектари. Под есенските култури се засеани површини и со тритикале, р’ж и фуражна пченица кои се користат за производство на биоенергија. Всушност, како новина, за производство на биомаса овие култури Комбинатот ги бере кога ќе во восочна зрелост за производство на силажа. Традиционално почетокот на жетвата стартува со јачменот на крајот на јуни, па продолжува со пченицата, за да до крајот на јули комплетно заврши жетвата на сите засеани површини во Пелагонија.

Нема достапен опис

-Глобално, оваа година е една од полошите години во однос на климата која пак се одразува на развојот на растенијата. Временските услови си го прават своето, имавме студена зима, ладна пролет која ретко се случува така што тоа се одрази на растенијата да не се развијат во онаа состојба во која очекувавме. Но, сепак се надеваме дека до жетвата ќе падне доволна количина на дожд, што значително ќе придонесе на квалитетот и приносите на родот.

Квалитетот на посевите сега е доста добар, имаме добро развиен клас и доколку имаме поголеми врнежи во текот на јуни, ќе имаме одличен квалитет на зрното, изјави Драги Петровски, директор по земјоделие во ЗК-Пелагонија.

Очекувањата на комбинатот се дека годинешните приноси од житото ќе бидат во рамки како и ланските.

-Очекувања се кај пченицата од 1 хектар да имаме приноси од 5 тони род, додека кај јачменот околу 3,5 тони по хектар. Нашиот род има традиционални купувачи, кои години наназад соработуваат со ЗК-Пелагонија. Што значи пласманот за нас е загарантиран. Што се однесува до цената, таа сепак зависи од вкупните состојби и прилики на Балканот, особено Србија и Бугарија, па и Хрватска, така и се формира, зашто е рано да се прогнозира, вели Петровски.

Нема достапен опис

Жетва со најсовремени земјоделски машини

ЗК-Пелагонија е комплетно опремен со механизација за целокупниот процес на производство на житните култури. Од Комбинатот велат дека современата механизација е предност и услов за успешно, навремено и квалитетно изведување на сите работни операции потребни во производството. Комбинатот ора и жнее со најсовремените трактори од John Deere.

Нема достапен опис

-Почнувајќи од основната обработка до сеидба, заштита, прихрана на растенијата, па се до жетва Комбинатот има комплетна, своја механизација, со што навремено и успешно може да ги заврши сите операции. Има најсовремена механизација која на Балканот ретко може да се најде кај еден комбинат, имаме трактори со голема моќност, самоходни прскачки кои ги нема сигурно и во соседните земји. Тие имаат зафат од 44 метри. Едноставно кажано ние имаме светска механизација, вели Драги Петровски, директор по земјоделие во ЗК-Пелагонија.

Петровски наведува дека комбајните John Deere што ги поседува комбинатот се со зафат од 7 метри и можност да жнијат до 10 тони на час. Што значи за еден ден преку 100 тони жито.

-Поседуваме и комбајн со 9 метри зафат и со можност во еден час да жнее до 15 тони жито. Моќни машини кои даваат висок квалитет на самата жетва, рече Петровски.

Нема достапен опис

Вкупниот процес на производство во ЗК-Пелагонија е следен од стручни кадри кои во континуитет ги пратат светските трендови, со постојана надоградба на нивното знаење и пракса, што придонесува ЗК-Пелагонија во континуитет да го има приматот на најголем и најуспешен производител на храна во државата.

 

текст-Анета Блажевска

фото-Ивона Кочов

 

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close