Житото со производна цена од 13.7 денари по кг. го прави домашното производство скапо и нерентабилно
ПРОЧИТАЈ! Каде е проблемот кај македонските производители на жито?
Жетвата на лебното зрно е во полн ек, но и покрај предвидувањата дека се очекуваат дури за 30% помали приноси на светско ниво, сепак цената во време на жетва е неочекувано ниска за разлика од очекувањата на производителите на жито.
Намалениот принос се должи на сушата во Кина, поплавите во Азија и честите дождови во Европа. И во Украина која претставува еден од нејголемите производители на жито годинава приносот е значително намален.
Во моментот цената на пченицата на светските берзи се движи од 212 до 221евра по тон, а на берзите во регионот од 10.8 до 11.2 денари по килограм за пченица со 3% влага и квалитет од 76 хектолитри. Откупната цена кај нас ги прати овие ценовни текови, а откупувачите откупуваат речиси по исти цени како и глобалните.
Каде е проблемот кај македонските производители на жито?
-Високи трошоци во производство со утврдена релативно висока производна цена по килограм од 13.7 денари го прави домашното производство скапо и нерентабилно.
-Ниските приноси по единица површина кои се движат во просек до 3500кг по хектар и кој заостанува речиси за двојно од просекот во соседството исто така влијае негативно во крајниот резултат.
Висината на откупната цена е пазарна и исклучиво зависи од понудата и побарувачката на пазарот и тука простор за маневри нема.
Но, нашата влада и МЗШВ во соработка со стручната фела вклучувајќи ја и науката, мора да изнајдат мерки кои ќе овозможат намалени трошоци при производство и зголемени приноси по единица површина како би го направиле домашното производство порентабилно и со поголеми приходи на задоволство на производителите.
З.Б