fbpx
Агро бизнисЕкологијаТоп вести

Зимските центри во регионот се развиваат, Попова Шапка пропаѓа

Добар урбанистички план за Попова Шапка би ставил крај еднаш засекогаш на градежната инвазија и, како вели тој, урбанистичкото уништување е нешто што може да се поништи само со уривање на бесправните градби.

Туристичкиот центар „Попова Шапка“ сè уште нема детален урбанистички план, иако тоа според Хамди Сулемани од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ е клучно за овој туристички центар. Во интервју за Порталб.мк, претседателот на Советот на општина Тетово, Беким Мемети, вели оти е оптимист дека оваа работа ќе биде завршена во текот на годинава. Од Министерството за транспорт и врски, пак, велат дека последен пат ДУП за Попова Шапка примиле во 2013 година, пишува Порталб.мк.

Според Хамди Сулемани од Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ во моментов за Попова Шапка постои Детален урбанистички план усвоен во 1980 година, и нов урбанистички план би ги решил сите инфраструктурни проблеми во овој центар и би го направил поконкурентен.

„Урбанистичките планови се клучот на развојот на една структура или населба и поради тоа, за да се развие Попова Шапка неопходен е урбанистички план со кој ќе се определи инфраструктурата, ќе се третираат и сите други инфраструктурни проблеми, за да се има развиен, убав центар, што ќе биде конкурентен со центрите во регионот“, вели Хамди Сулемани.

Според него, добар урбанистички план за Попова Шапка би ставил крај еднаш засекогаш на градежната инвазија и, како вели тој, урбанистичкото уништување е нешто што може да се поништи само со уривање на бесправните градби.

„Деталниот урбанистички план ќе стави крај на градежната инвазија, ќе го спречи и урбанистичкото уништување, што не е можно да се поништи освен со уривање на бесправните градби, а од комуналните такси за новите градби, општинската каса ќе наплаќа средства“, додаде Сулемани.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close