fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците од струмичко Банско се плашат дека ќе останат без вода за загревање и наводнување на пластениците

Над 50 хектари со зеленчук под пластеници во струмичко Банско ќе останат без вода за загревање и наводнување откако Министерството за животна средина им забрани на земјоделците да користат електрична енергија за испумпување на геотермалната вода од Банско.

Над 50 хектари со зеленчук под пластеници во струмичко Банско ќе останат без вода за загревање и наводнување откако Министерството за животна средина им забрани на земјоделците да користат електрична енергија за испумпување на геотермалната вода од Банско, пренесува https://sdk.mk/

Земјоделците се револтирани бидејќи ЕВН почна да не им ги продолжува договорите за користење струја и бара потврда дека се корисници на водното право од овој реон кои градинарите го немаат. Кај нив сè поголем е стравот дека среде производствена сезона моторите ќе престанат да работат и ќе се уништат засеаните пластеници со пиперки, краставици, домати.

„Тоа ќе биде колапс за нас бидејќи нема да можеме да ги наводнуваме и загреваме пластениците кои се засадени со зеленчук. Без струја ние не можеме да произведуваме. Водата ја испумпуваме со мотори на електрична енергија која потоа кружи низ пластениците. Проблемот не е во ЕВН туку кај Министерството за екологија кое не дава дозвола. Се обративме, но немаме добиено одговор. Пред 6 години плативме изработка на елаборати за легализација на бушотините со геотермална вода, но одговор од институциите нема. Вака не може да функционираме, а сите сакаме производство на храна“, вели Киро Грковски, земјоделец од Банско.

Тие побараа надлежните да им помогнат да го решат проблемот и редовно да си ги плаќаат потребните надоместоци како што си ги плаќале и досега. Од Министерството за животна средина соопштија дека за реонот со геотермалната вода во Банско државата веќе има издадено концесија на фирма со која земјоделците треба да се договорат.

„Индивидуалните земјоделци не можат да го остварат водното право бидејќи за тоа подрачје веќе е доделена концесија, но за потребите на оранжериите можат да обезбедат водно право преку концесионерот. Геотермалните води не може неконтролирано да се користат. Употребата на бунарските објекти и користење на вода не подлежи на Закон за постапување со бесправно изградени објекти“, одговорија од Министерството за животна средина.

Околу 400 домаќинства од струмичко Банско се занимаваат со земјоделство, а најголемиот дел ја користат топлата геотермална вода, како за загревање така и за наводнување, бидејќи нивните пластеници се загреваат тие и во зимниот период произведуваат зеленчук.

В. ТРАЈКОВ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close