
Без категорија
Зимско кафе
Потребни состојки:
- 25 г чоколадо за готвење
- 125 мл млеко
- 1 лажица кафеав шеќер
- 1 лажиче цимет
- 1 лажиче инстант кафе
- 100 мл слатка павлака или шлаг
Начин на подготовка:
Млекото се става на оган и се остава да зоврие. Откако ќе зоврие во него се додава чоколадото за готвење, кафеавиот шеќер и циметот и се меша континуирано околу 10 минути. Потоа се додава кафето и се меша уште 1 минута. Како последна состојка се додава изматената слатка павлака или шлагот и полека се меша. Добиената смеса се послужува додека е топла во широка шолја и се декорира со малку цимет.