fbpx
ВестиТоп вести

ЖИТО ЛУКС СО ДОНАЦИИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА

Во овие тешки времиња на криза, предизвикана од пандемијата на COVID-19, Жито Лукс продолжува да донира на здруженија кои им помагаат на социјално загрозени семејства, како и установи за деца без родители, сé со цел да им овозможи полесно справување со новонастанатата ситуација и побезбедно снабдување со основни производи.

Брашно во количина од околу пет тони и околу 2000 други производи од палетата на Жито Лукс се досега доставени до СОС Детско село, Општините Бутел и Центар, како и неколку други институции наменети за социјално загрозени семејства.

Во согласност на својата општествена одговорност и свест за потребите на засегнатите групи граѓани, Жито Лукс во повеќе наврати своите донации и хумани активности ги насочува кон категориите граѓани на кои им е потребна помош и ќе продолжиме така и во иднина.


 

lokalno/mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close