fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Златото пoскапува: Денешните невести мора да се задоволат само со бурма и со ситни подароци

Исцедено е златото од семејствата и со короната и со сиромаштијата, сите цени се покачени. Ретко кога некој ќе дојде да продаде нешто и тоа сега најчесто за да платат сметки или некои основни трошоци – вели златарот Неџмедин Буши

Исцедено е златото од семејствата и со короната и со сиромаштијата, сите цени се покачени. Ретко кога некој ќе дојде да продаде нешто и тоа сега најчесто за да платат сметки или некои основни трошоци – вели златарот Неџмедин Буши

Берзанските трендови на постојано покачување на цената на златото во изминативе две години, прво поради пандемијата со коронавирус, а сега уште позасилено и со стравувањата дека украинско-руската криза може да се претвори во вооружен конфликт од пошироки размери, се одразија и на побарувачката на злато, но и на продажбата на „златото за не дај боже“ што традиционално го чуваат семејствата во овие краишта.

– Злато повеќе речиси и не се купува онака како што било традиционално за свадби и свршувачки. Се купува само она најосновното – бурми и по некој златен приврзок. Страшно ни е опадната продажбата, работиме со загуба, но тоа е, ние друго не знаеме да работиме, занаетчии сме – вели за „Слободен печат“ Неџмедин Буши, златар и претседател на Секцијата на златари во Занаетчиската комора на Северна Македонија.

Тој додава дека среќна околност е што ниту една од златарските работилници и дуќани не се затворени, но очигледно е дека стандардот на граѓаните е многу опаднат и сега, пред сѐ, мора да размислуваат да ги задоволат основните потреби за живот. Поради коронавирусот во изминатите две години граѓаните го продаваа златото за да можат да ги лекуваат блиските во приватните болници, но во последно време изгледа и тоа злато го продале.

– Исцедено е златото од семејствата и со короната и со сиромаштијата, сите цени се покачени. Ретко кога некој ќе дојде да продаде нешто и тоа сега најчесто за да платат сметки или некои основни трошоци – додава Буши.https://www.slobodenpecat.mk/zlatoto-poskapuva-deneshnite-nevesti-mora-da-se-zadovolat-samo-so-burma-i-so-sitni-podaroci/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close