fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Денес засилен ветер, од вторник опаѓање на температурите

Утрово -2 степени во Берово, 0 Лазарополе, Скопје-Петровец, Струмица, 2 Попова Шапка, Маврови Анови, Охрид, Гевгелија, Тетово, Крива Паланка, 3 Битола, 4 Крушево, Дебар, Штип, Велес, Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, 5 Кавадарци, Претор, 6 Дојран, Виница, 7 Демир Капија.

АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес ќе дува засилен ветер од јужен правец најизразен долж Повардарието и во источните делови (над 60 км/час). Засилен ветер ќе дува и преку ноќта кон недела.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: За време на викендот ќе дува засилен ветер од јужен правец најизразен долж Повардарието и во источните делови (над 60 км/час). Преку ноќта кон недела во западните делови ќе има појава на повремен дожд, а потоа под влијание на влажен бран врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата. Повремено пообилни врнежи ќе има преку ноќта и во понеделник (над 20 л/м2) и ќе бидат проследени со услови за појава на ретки грмежи. Во вторник врнежите ќе престануваат а дневните температури ќе продолжат постепено да опаѓаат.

 

Можно е да е слика од нацрт и текст

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close