fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиСовети

Зошто во џемот се додава прстофат сода бикарбона или прашак за пециво

Мудрите домаќинки ни ги откриваат тајните

Со овој трик секој џем ќе биде повкусен.

Денес луѓето почесто се одлучуваат да купат џем, бидејќи имаат премногу обврски и немаат време да го направат. Сепак, неговата подготовка не одзема многу време, особено што има и оние рецепти за џем што не се варат, а домашниот е неспоредливо подобар од купен во продавница. Сега е вистинското време да го направите, бидејќи имате разновидни овошја во маркетите и продавниците.

Од овошјето по ваш избор можете да подготвите џем, но некои се покисели, како на пример малини или боровинки. Киселоста на некое овошје не може да се неутрализира ниту со голема количина шеќер, но има еден трик што го споделуваат искусните домаќинки. Доколку се случи готовиот производ да биде повеќе кисел отколку што сакате, само додадете сода бикарбона или прашок за пециво. Четвртина лажичка е доволна за 1 кг овошје.

Оваа состојка ја подобрува сладоста на џемот без додавање шеќер.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close