fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Зошто земјоделците го парализираат сообраќајот во Германија

Протестите на германските земјоделци првенствено се насочени против планираните кратења на даночните олеснувања за дизелот.

Во понеделник (8 јануари, 2024) започна протестната недела на германските земјоделци – со сериозни последици во сообраќајот. Во наредните денови, земјоделците ширум земјата планираат да ги блокираат пристапите до автопатите и да ги парализираат центрите на градовите со бавни тракторски колони.

На многу места блокадата почна рано наутро во понеделникот. Во главниот град Берлин, стотици фармери се собраа со своите трактори на централнииот протест кај Бранденбуршката порта. Според полицијата, во други сојузни покраини како Баварија, Бранденбург и Северна Рајна-Вестфалија, на некои места дојде до „масовни прекини во сообраќајот“. Пирстапите до автопатите беа блокирани, а улиците можеа да се користат само во една лента. Се очекува протестите да кулминираат со голем собир во Берлин на 15 јануари.

Кои се причините за протестите?

Фармерите протестираат против политиката на штедење на германската сојузна влада. Тие станаа неопходни по пресудата на Сојузниот уставен суд за државниот буџет. Првобитно планот предвидуваше, со еден удар да се укинат постоечките даночни поволности за дизелот и ослободувањето од данокот земјоделските и шумарските возила. Ова ќе и овозможеше на сојузната влада да оствари забележи една милијарда евра дополнителни приходи.

Земјоделците протестираа против ова уште во декември и владата делумно ги укина кратењата на субвенциите. Сегашните планови предвидуваат се даночниите олеснувања за дизелот постепено да се укинат во рок од три години. Од 2027 година веќе не би требало да има субвенции за дизелот. Според германското Министерство за земјоделство, едно просечно големо земјоделско претпријатие би требало да смета со околу 1.000 евра дополнителни трошоци за дизел во 2024 година. Ослободувањето од данокот за земјоделски моторни возила треба да продолжи да важи долгорочно.

Целиот текст на https://www.dw.com/mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close