fbpx
Вести

Зошто прeбиотскиот леб е сѐ повеќе баран во светот?

Во модерното, брзо темпо на живот кое го практикуваме денес, вниманието и негата на своето тело и здравје понекогаш претставува сериозна обврска. Насекаде низ светот, човековото здравје се потпира на два клучни столба: физичка активност и исхрана. Да се биде физички активен е дополнителна обврска за која не секој може да одвои време, но планираната исхрана мора и може да биде олеснителна околност за благосостојбата на организмот.

И покрај бројните продукти на пазарот, треба да се одбере и консумира разновидна храна која ги содржи сите макро и микро-нутриенси. Пребиотиците се растителни влакна кои ги поддржуваат растот и нормалната активност на цревната микрофлора, со што воедно помагаат при зачувување на општото здравје.

Здравствената состојба на телото, во голема мера зависи и од дневниот внес на пребиотици. Тие делуваат во гастроинтестиналниот тракт, каде служат како храна избрана од „добрите“ бактерии во дебелото црево. Ако ги снабдуваме нашите „добри“ бактерии со нивната омилена храна, тие подобро ќе растат и ќе бидат поактивни во борбата против „лошите“ бактерии. „Добрите“ бактерии делуваат симбиотски со човечкиот организам и имаат повеќе полезни функции, меѓу кои и баланс на дигестивниот тракт и негова заштита од воспалителни процеси. Затоа, трендот на консумирање храна полна со пребиотици, во секаков вид, зема сѐ поголем замав.

„Жито лукс“ веќе одамна ја покажа грижата кон своите потрошувачи преку пласирање на производи кои се добри за секој што внимава на исхраната и здравјето, а месецов нѐ радува со продолжување на линијата на хранливи производи – семејство на здрави лебови меѓу кои е и 100% интегралниот леб со пребиотик. Новиот леб на „Жито лукс“ е комбинација од интегрално пченично и интегрално ’ржано брашно. Ефектот на диететските влакна од интегралните брашна е надополнет со додаден пребиотик – растителни влакна од акација.


 

mkd.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close