fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

За 20 килограми јагне цената е 100 евра, вели Марјан Стојаноски, сточар од прилепско

Ние сточарите оваа 2025 година ќе ја запаметиме како губење на пари, а кланичарите ќе ја запаметат како добивање на пари“, вели Марјан Стојаноски, сточар од прилепско за Фактор.мк.

И оваа година за Велигден за многу граѓани јагнешкото месо е луксуз и нема да можат да си дозволат да си купат. Но, оние кои сакаат да си купат јагне за празникот, ќе треба да одвојат најмалку 100 евра.  Сточарите велат дека граѓаните најчесто купуваат помали јагниња, со тежина од 20 килограми, а многу ретко некој се одлучува за поголеми јагниња.

„Нашите потрошувачи бараат јагниња од 20, 25 до 27 килограми, според условите. За 20 килограми цената е 100 евра. Има и некои што бараат по 30, 32 килограми, ама тие се ретки. Ние сточарите оваа 2025 година ќе ја запаметиме како губење на пари, а кланичарите ќе ја запаметат како добивање на пари“, вели Марјан Стојаноски, сточар од прилепско за Фактор.мк.

И другите сточари се револтирани од состојбите во државата и бараат конкретни мерки кои ќе им обезбедат сигурност во иднина.

„Луѓето земаат јагниња до 20 килограми и тоа ќе чини околу 100 евра. Ретко купуваат поголеми јагниња, ако го делат две фамилии. Некој ќе земе и 30 килограми и 35 килограми, ама доколку го делат две семејства. Веќе 50 години наназад едноставно трпиме штета и ако порано го дававме по 100 денари за килограм, цената беше 200 денари во касапница, а сега е потешко, не можам ни да ги продадам“, вели сточар од битолско.

За неколку дена верниците ќе го слават големиот празник Велиден и после постот, семејството се собира на богата празнична трпеза со мрсна храна.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close