вестиМакедонијаТоп вести

АХВ за четири дена спровела 189 надзори, девет месарници не го чувале, ниту декларирале правилно месото

Претседателката на инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната прес-конференција кажа за најновите податоци од спроведените 11. 358 надзори за период од 19 до 22 март

-Државниот пазарен инспекторат има извршено 9.658 надзори и продолжува со истата динамика на контролирање. Затворени се 21 угостителски објект во повеќе градови.

Покрај контролите со одлука на Влада се контролираат и цените на одредени производи, за период од 19 до 22 март, направени се 869 надзори, при што кај одредени трговци е констатирана промена на цените, но веднаш се задолжени да ги вратат цените од 11 март.

Со цел навремено да се вршат контролите, УЈП ги стави на располагање сопствените ресурси. Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши 111 надзори, генерално се почитуваат мерките. Во овој период од 4 дена, се издадени 5.130 дозволи за влез на професионални возачи на товарни возила. Овие дозволи се за непречно снабдување со неопходните стоки. Од страна на инспекторите констатирано е дека возачите се придржуваат кон мерките за заштита од Ковид 19.
Од АХВ се спроведени 189 надзори, при што се констатирани неправилности. Во два објекти е констатирано работа на лица без санитарни прегледи, неправилно означување и неводено записи. Дополнително во три објекти имало проблеми со хигиенската состојба, а во 9 месарници неправилно декларирање на месото и нетермички термин на чување на истото.

Слични написи

Back to top button
Close