
Агро бизнисВестиТоп вести
За земјоделците ќе биде објавена популарната мерка 50-50, за купување трактор
Преку популарната мерка 50-50, земјоделците плаќаат само половина од износот на инвестицијата за купување нови трактори, друга механизација, опрема, основно стадо, подигање на насади, поставување систем капка по капка итн.
Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски најавува дека за десетина дена ќе излезе новиот јавен повик од Програмата за рурален развој – популарната мерка 50-50!
Тоа значи дека преку популарната мерка 50-50, земјоделците плаќаат само половина од износот на инвестицијата за купување нови трактори, друга механизација, опрема, основно стадо, подигање на насади, поставување систем капка по капка итн.
-Сите оние апликанти кои ќе набават приклучна механизација, трактори, тука ќе бидат вметнати и анти-фрост системите, системите капка по капка, истите ќе бидат кофинансирани со 50% за набавената инвестиција.Сето ова е за да им помогнеме на нашите земјоделци да го модернизираат своето производство и да бидат уште поуспешни!, објави министерот Трипуновски.