вестиТоп вести

Африка го гради „Големиот зелен ѕид“: Ќе биде долг дури 8 илјади километри

Големиот зелен ѕид е иновација поврзана со климатските промени – ќе покрива територија од 100 милиони хектари и ќе бидат посадени милиони и милиони дрвја.

Во изминатите неколку години започна изградбата на неколку ѕидови на граница која дели две држави. Најпознат од нив е таканаречениот „Ѕид на Трамп“ со кој американскиот претседател сака да ја спречи илегалната миграција од Мексико во САД, а друг, помалку познат ќе биде многу позначаен за светот.

Идејата беше одобрена во 2005-та година, а широко прифатена во 2007-ма година. Големиот зелен ѕид, кој е исто така познат и како Големиот африкански ѕид е иницијатива која се бори против дезертификацијата во регионот Сахел (Северна Африка), но и климатските промени ширум светот. Целта до 2030-та година е да се неутрализираат 250 милиони тони јаглеород диоксид.

 

Иницијативата исто така ќе обезбеди работа за 10 милиони луѓе, а целата Африка ќе има „зелена иднина“.

Овој еколошки проект доби пофалби од целиот свет и стана инспирација за други слични проекти. Меѓу нив е и алжирската Зелена брана, програма за пошумување поради заштита и развој на сахарските подрачја, а кинескиот Зелен ѕид ќе има за цел да го сопре ширењето на пустината Гоби.

Поминаа 12 години откако беше стартувана оваа програма, а од тогаш многу земји постигнаа значајни успеси. Според податоците на Обединетите нации, обновени се 20 милиони хектари земјиште (20% од целата планирана територија) во Етиопија, Сенегал, Нигерија, Судан, Буркина Фасо, Мали, Нигер и други земји.

 

Сепак, овој проект исто така се соочува со критики, а најгласни се тврдењата дека големата количина на засадени дрвја нема да ја промени количината на врнежи од дожд на континентот.

Меѓутоа садењето на дрвјата ќе го намали ефектот од климатските промени кои што сега носат помалку чести, но поинтензивни врнежи од дожд.

Извор: Точка

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close