Б Л И Т В А

(Oвој напис е објавен на: October 18, 2019)

Блитвата е двегодишно растение. Во првата година развива длабок и разгранет корен, кој во горниот дел е задебелен, скратено стебло и богата лисна розета. Во втората година развива разгрането цветно стебло во висина до еден метар. Блитвата се одгледува заради листот. Во исхраната се користи во комбинација со различни градинарски култури. Слична е на спанаќот. Блитвата е лековито и корисно растение кое претставува добар диуретик, а може да се користи и против слабокрвност.

Блитвата поседува голема прилагодливост помеѓу почвата и климатските фактори. Оптимална температура за поникнување е 16 – 24°Ц. При температура од 5 – 10°Ц растението има слаб пораст, а оптимална температура за раст и развој е 16 – 20°Ц.

Во текот на одгледувањето потребна е поголема количина на вода, посебно во подрачја каде се појавува недостаток на вода или пак таа е нерамномерно распоредена. Во текот на одгледувањето потребни се 5 – 6 наводнувања за да се постигнат оптимални приноси. Тоа зависи од периодите дали се врнежливи или сушни.

извор: АПРЗ