вестиТоп вести

Вежба за тестирање на системот на подготвеност во справувањето со болестa Африканска чума

 

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата за земјоделство и храна  на Обединетите Нации – ФАО, утре и задутре во Берово, во рамки на проектот  “Африканска чума кај свињите – подготвеност и брзо постапување”, ќе одржи симулациска (практична) вежба за тестирање на системот на подготвеност во справувањето со оваа болест која не е присутна во земјава. Целта на вежбата е проверка на функционалноста на Планот за итни мерки за справување со африканската свинска чума, со цел обезбедување на висок степен на заштита при евентуална нејзина појава и спречување на нејзино ширење.

 

Учесници на вежбата ќе бидат официјалните ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство, стручни лица од ФАО, претставници од Факултетот за ветеринарна медицина и од ветеринарните друштва со кои Агенцијата има склучено договори за спроведување на активности за здравствена заштита на животните од јавен интерес.

 

Практичниот дел од симулациската вежба ќе се реализира на индивидуална фарма во село Русиново, на комерцијална фарма во село Умлена и во ловиште, а теоретскиот дел во Берово, каде ќе се тестира  координираноста на институциите и протокот на информации во врска со болеста, соопштуваат од АХВ.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close