fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Која земја е на врвот на производството на компири во ЕУ

Пет земји – членки учествуваа со речиси 75 отсто од вкупното производство на компири во ЕУ

Во 2020 година, вкупно 55,3 милиони тони компири беа собрани во ЕУ, покажуваат податоците што ги објави европското статистичко биро Евростат.

Германија беше најголем производител и учествуваше со 21,2 отсто од производството на ЕУ, потоа следуваат Полска (16,4 отсто), Франција (15,7 отстто), Холандија (12,7 отсто) и Белгија (7,2 отсто).

Овие пет земји – членки учествуваа со речиси 75 отсто од вкупното производство на компири во ЕУ, се вели во информацијата на Евростат.

Главните производи на ЕУ од компири се помфрит и чипс.

Покрај извозот и тргувањето со суровини и компири за храна и семиња, ЕУ, исто така, ги обработува своите компири во четири главни типа на производи: замрзнат компир (главно помфрит), подготвен или конзервиран компир (најчесто чипс), сушен компир и скроб од компир. Вкупната вредност на производството на компири од ЕУ достигна 9,1 милијарди евра во 2019 година, или 1,6 отсто од вредноста на производството на целата европска прехранбена индустрија. Замрзнатиот чипс и крцкавиот приготвен чипс беа најзначајните производи од компир во однос на производствената вредност.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close