Земјоделците од битолско неможат да аплицираат за огласот за подигнати овошни и лозови насади

(Oвој напис е објавен на: August 17, 2017)

Тимот на Зелена Берза кој активно работи во областа на земјоделството, при секојдневната комуникација со земјоделците, дојде до сознание дека апликантите од битолскиот регион при аплицирањето на огласот за подигнати повеќегодишни овошни и лозови насади наидуваат на голем проблем, бидејќи при аплицирањето им бараат документ кој неможат да го добијат од соодветните установи.

Имено, станува збор за Решение за запишување на ЗС во ЕРЗС – кое треба да биде издадено од ПЕ Битола на МЗШВ и не постаро од 3 месеци сметано од денот на објавување на јавниот повик.

Апелираме до надлежните институции да ја корегираат ненамерната грешка, за да можат земјоделците без никаков проблем што побрзо да аплицираат за активниот оглас кој трае до 01 септември.