вестиТоп вести

Министерството за земјоделие со откупни центри во обид за модернизација на производството

Опаѓа македонското земјоделско производство. Се помалку производители, но и помалку обработени површини.

Земјоделските здруженија бележат стотици хектари незасадено земјиште. Стихијноста во производството, негарантираниот откуп но и климатските промени последниве години придонесуваат за намалување на земјоделското производство и затоа е потребно сериозно вложување во земјоделскиот сектор.

Како мерка за модернизација на производството, ресорното министерство ќе гради откупно – дистрибутивни центри.

Според земјоделците тие се потребни, но важно е како ќе се организираат  за да не се повтори фијаското со Агрокор.

Министерствто за земјоделство планира да гради два откупно дистрибутнивни центри, во Струмица и Ресен и агрофуд платформа во Скопје. Средствата се обезбедени од Светска банка.

извор:Телма

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close